Во нашето училиште се реализираше Отворен ден за граѓанско образование под мотото „Вклучи се за промени –учи промени“. Учениците ги претставија своите идеи за промени со цел зајакнување на демократската клима во училиштето, поттикнување одговорност кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата, а со тоа се вклучија во прцесот на одлучување и донесување одлуки самостојно избирајќи активности.

За успешна реализација училиштето соработуваше  со Невладината „Цивитас“, Здружението на пензионери, Клубот Giral up-Штип, „Халк Банка“ „Зогори“,Детската градинка „Астибо“, „Гатакс“ ДООЕЛ, гостилница„Тасе“, „Пикасо Дизајн“ и конфекција „Дона“.

Во училишето беше спроведено анкетирање на учениците  со цел  да се слушне нивниот глас, да се дојде до сознанија што учениците сакаат  да променат.

Учениците од I до III одд. го цртаа училишниот двор со цртежи и пораки.

Ученици од 9 одд. настапија со перформанс „ Swipe Right“

Учениците од 6 одд.  ги преставија целите на училиштето и граѓанското образование.

Ученици од 8 и 9 одд. настапија со драматизирани права на децата од Конвенцијата, но истите ги дополнија на свој начин упатувајќи апел до возрасните, родителите, наставниците и заедницата.

За време на настанот беа спроведени хуманитарни акции со мотото „Раката што дава не се суши“. Едната хуманитарна акција беше изведена во соработка со „Цивитас“, а собраните парични средства беа наменети за малиот Андреј Даов од Радовиш. Втората хуманитарна акција беше спроведена во соработка со родителите, учениците и наставниците кои донираа храна, наменета за бездонмиците и социјално загрозените семејства.

Беа поставени повеќе штандови и работилници.

Учениците од Еко-штандот направија еко-изработки од реупотребен материјал што ги подаруваа на секој што донираше во хуманитарната акција.

Учениците од работилницата „Мултикултура во поезијата“ твореа и пишува стихови за детскиот свет на различни јазици од сите етникуми  во нашето училиште, турски, ромски, влашки, македонски и ја истакнаа целта – зедништвото, соработката, толеранцијата и соживотот се клучни елементи за фунционирање на секое мултиетничко граѓанско општество.

Учениците од одделенска настава изработија голем цвет кој беше симбол заедништвото истакнувајќи ги сите вредности што треба да го има едно граѓанско демократско општество.

Вредните уметници сликаа  на две теми „Насилство“ и „Модерната технологигија и детските игри“.

Учениците од 8 одд. изработија пано  од активноста   „Антикорупциска едукација на учениците од основните училишта“  .

Од програмата за ненасилство во училиштето учениците изработија неколку паноа  со цел да се подгне свеста за ненасилно однесување во училиштето и заедницата.

Спортистите се натпреварува во училишната сала со ученици од „Гоце Делчев“ и „Ванчо Прќе“.

Учениците изработија и пано „Дискриминација и настанок на човековите права“ истакнувајќи ги вредностите во граѓанското општество.

Во соработка со Клубот Giral Up од Штип, ученици од 9 одд. проследија предавање и учествуваа во работилница за родовата еднаквост, изрботија проект  и ги  претставија заклучоците.

Актерите настапија со драматизацијата „Сакам да кажам“ каде учениците го кренаа гласот за  демократија, но прикажаа и како децата ја разбираат демократијата.

Учениците од ученичкиот парламент дебатираа со директорката на училиштето и педагогот, а  јавно упатија прашања,барања и предлози за промена до локалната самоуправа и градоначалникот на општина Штип.

На крајот, претставникот од БРО, ученичкиот правобранител, претседателот на ученичкиот парламент, директорот  на училиштето, засадија дрво во училишниот двор – симбол на меѓусебната соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *