
Почитувани родители и ученици, Ве известуваме дека во нашето училиште како примарна платформа за настава на далечина се користи Microsoft Teams. За таа цел Ве замолуваме активно да земете учество и да ги следите упатствата и насоките кои се даваат од наставниците. Целиот процес на настава, оценување и сл. ќе се одвива преку платформата Microsot Teams затоа е важно сите ученици да бидат вклучени во истата. На секој ученик му е доделен акаунт со емајл адреса и лозинка. Ученикот е потребно само успешно да се најави, а потоа наставниците ќе им дадат насоки за активностите. Се замолуваат сите родители да им помогнат на учениците кои се соочуваат со проблеми при користење на информатичката технологија. Само со заедничка соработка успешно ќе ја постигнеме посакуваната цел.
ПС: Оние наставници (во мал број се) кои имаат започнато со настава на платформата Zoom потребно е да ги исконтактирате и во договор со нив да ги утврдите идните чекори.