
ЕТвининг активности во учебната 2021-2022 година
еТвининг проект – Meet Europe and Learn Languages – European Day of Languages
Целта на проектот е учениците да го обележат Европскиот ден на јазиците преку активности во соработка со ученици од други европски држави. Во проектот учествуваат училишта од Албанија, Ерменија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Полска, Португалија, Молдавија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска, Украина и Турција. Нашето училиште е претставено од ученици од III, IV и V одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/187385/home
еТвининг проект – Priroda kroz eko datume
Целта на проектот е учениците да ги обележат датумите од екологијата со цел збогатување на знаењето со остварена соработка со други училишта. Во проектот учествуваат училишта од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија. Нашето училиште е претставено од ученици од IV одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/185083/home
еТвининг проект – Show your Love
Целта на проектот е учениците да соработуваат со ученици од други земји на теми природа, животни, миленичиња. Во проектот учествуваат училишта од Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Чешка, Данска, Франција, Грција, Италија, Малта, Полска, Молдавија, Романија, Словачка, Турција и Украина. Нашето училиште е претставено од ученици од III одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/188150/home
еТвининг проект – Safer Internet Day 2022
Целта на проектот е учениците да соработуваат со ученици од други земји на теми медиумска писменост и безбедност на Интернет. Во проектот учествуваат училишта од Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Грција, Ирска, Италија, Португалија, Молдавија, Србија и Турција. Нашето училиште е претставено од ученици од IV одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/189869/home
еТвининг проект – Project 4
Целта на проектот е учениците да соработуваат со ученици од други земји на разни теми за збогатување на нивното знаење од англискиот јазик. Во проектот учествуваат училишта од Албанија, Ерменија, Азербејџан, Хрватска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Јордан, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Украина и Турција. Нашето училиште е претставено од ученици од V одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/190885/home
ЕТвининг активности во учебната 2020-2021 година
еТвининг проект – Better Together
Целта на проектот е учениците да го збогатат своето знаење за различни култури. Во проектот учествуваат училишта од Бугарија, Хрватска, Грузија, Италија, Полска, Романија и Турција. Нашето училиште е претставено од ученици од V-1 одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/120295/home
еТвининг проект – All together against the coronavirus
Целта на проектот е учениците да го збогатат своето знаење по англиски јазик на тема – Здравје, соработувајќи со ученици од други европски држави. Учениците изработија повеќе индивидуални и заеднички активности, како и заеднички активности со останатите учесници во проектот – видеа и плакати со совети за превенција и книга за нови начини на поздравување. Во проектот учествуваат училишта од Италија, Шпанија, Грција и Турција. Нашето училиште е претставено од ученици од V-1 одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/119533/home
еТвининг проект – C.L.U.E. (Collaborating and Learning United by English)
Целта на проектот е учениците да го збогатат своето знаење од англискиот јазик, соработувајќи на различни теми со ученици од други земји. Во проектот учествуваат училишта од Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белгија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Полска, Португалија, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Шпанија, Турција, Украина и Обединетото Кралство. Нашето училиште е претставено од ученици од V-1 одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/122425
еТвининг проект – Colours in Action
Целта на проектот е учениците да го збогатат своето знаење од англискиот јазик, соработувајќи на различни теми со ученици од други земји. Во проектот учествуваат училишта од Албанија, Хрватска, Грузија, Грција, Италија, Јордан, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Шпанија, Турција и Украина. Проектот почна минатата учебна година и ќе продолжи и оваа учебна година. Нашето училиште е претставено од ученици од IV-1 одделение.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/108427/home
ЕТвининг активности во учебната 2019-2020 година
еТвининг проект – Mladi Andersen
Целта на проектот е да се напише заедничка необична модерна бајка во соработка со ученици од Хрватска, Полска, Словенија и Србија. Од нашето училиште учествуваа ученици од II-3 одделение со нивната наставничка Цветанка Манчева. Крајниот резултат е изработената електронска книга.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/92691/home
еТвининг проект – St. Easter Cards
Целта на проектот е да се збогати знаењето на учениците за Велигден и неговото прославување во други европски култури. Во проектот учествуваат училишта од Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Шпанија и Турција. Од нашето училиште учествуваа ученици од II и III одделение. Проектот е награден со Национална ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/107582/home
еТвининг проект – English and Puzzles
Целта на проектот е да се зголеми интересот на учениците за англиски јазик преку користење загатки. Учениците ги креираа загатките со веб 2.0 алатки. Во проектот учествуваат училишта од Грција, Унгарија, Италија, Полска, Србија, Шпанија, Украина и Турција. Од нашето училиште учествуваа ученици од V-2 одделение со нивната наставничка по англиски јазик Милена Цветкова. Проектот е награден со Национална и Европска ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/91603/home
еТвининг проект – Еco-calendar
Целта на проектот е учениците да истражуваат за еколошки проблеми и да изработат календар со еколошки илустрации и пораки. Во проектот учествуваат училишта од Грција, Италија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Обединетото Кралство и Турција. Од нашето училиште учествуваат ученици од II-3 и V-3 одделение – членови на Клубот на млади екологисти со наставничките Милена Цветкова, Маре Трпчева и Цветанка Манчева. Проектот е награден со Национална и Европска ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/101010/home
еТвининг проект – Letters from Nature
Целта на проектот е учениците да се оспособат за пишување и читање, креирајќи букви од природни материјали. Во проектот учествуваат училишта од Италија, Литванија, Полска и Романија. Нашето училиште беше претставено од ученици од II-1, II-2 и II-3 одделение со библиотекарките Фросина Радева и Данче Филиповска, кои учествуваа со активности со букви од македонската азбука; и ученици од III-1 одделение и нивната наставничка по англиски јазик Милена Цветкова, кои учествуваа со букви од англиската азбука. Еден од крајните резултати е изработената книга со англиската азбука. Проектот е награден со Национална ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/89221/home
еТвининг проект – No Man is an Island
Целта на проектот е да се прослави Европскиот ден на јазиците преку споделување поговорки на јазиците на учесниците во проектот. Во проектот учествуваат училишта од Белгија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словенија, Шпанија, Турција, Украина и Обединетото Кралство. Нашето училиште беше претставено од ученици од III-1, IV-1 и V-2 одделение. Проектот е награден со Национална ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/90326/home
ЕТвининг активности во учебната 2018-2019 година
еТвининг проект – All about me
Целта на проектот е учениците да направат книги за себе. Во проектот учествуваат училишта од Литванија, Полска, Романија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство. Од нашето училиште учествуваа ученици од I-1, I-2 и I-3 одделение. Проектот е награден со Национална ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/81848/home
eТвининг проект – Тhe Voices of Spring
Целта на проектот е да се збогати знаењето на учениците за Велигден и неговото прославување во други европски култури. Во проектот учествуваат училишта од Чешка, Грција, Италија, Литванија, Португалија, Полска, Романија, Шпанија, Турција и Украина. Од нашето училиште учествуваа ученици од III-1 одделение. Проектот е награден со Национална ознака за квалитет.
TwinSpace на проектот: https://twinspace.etwinning.net/83121/home