Награда за еТвининг училиште за 2020/2021 година

Нашето училиште за прв пат оваа година се здоби со награда со ознака еТвининг училиште за 2020/2021 година, која се додоелува од страна на Европската комисија.

На европско ниво 2139 училишта од 42 европски држави ја добија оваа награда, а од Република Македонија на листата се наоѓаат 10 училишта и 1 градинка. Целосната листа на наградени училишта можете да ја погледнете тука.  Наградените училишта се препознаени како лидери во области како:

  • дигитална пракса
  • пракса за е-безбедност
  • користење на иновативни и креативни приоди во педагогијата
  • промоција на континуиран професионален развој на вработените
  • промоција на практики на колаборативно учење на наставниците и учениците

Наградените училишта ќе:

  • имаат висока видливост на Европско ниво
  • ќе формираат Европска мрежа на еТвининг училишта водачи да го инспирираат понатамошниот развој на еТвининг
  • ќе можат да го покажуваат Знакот за еТвининг училиште во сите промотивни и информативни материјали
  • наградените наставници и директорите ќе бидат поканети да се вклучат во програми за професионаен развој.