Упис на првачиња во учебна 2021/2022, информации и потребни документи

Почитувани родители/старатели, драги првачиња

 Ве информираме дека ООУ„Тошо Арсов“ – Штип, ќе врши упис на првачиња за учебната 2021/2022г.

Уписот започнува на 3.5.2021 – 31.5.2021г. во период од 8:00 до 13:00 чaсот во просториите на училиштето.

ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ:

 Во прво одделение од основното образование можат да се запишат деца  кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години (31.12.2021 г.).

Во прво одделение можат да се запишат и деца кои ќе наполнат  6 години до (31.1.2022 г.), по претходно барање од родителот/ старателот и добиено мислење од педагогот или психологот. Запишување на дете  во прво одделение, на барање на родителот/старателот, здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

-Извод од матична книга на родените (фотокопија);

-Потврда за примените задолжителни вакцини за детето ;

-Потврда од стоматолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа;

-Потврда од офталмолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа;

-При запишувањето на детето со попреченост да се достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

УСЛУГИ НА УПИС

          Уписот може да се врши и електронски преку порталот uslugi.gov.mk каде родителот/старателот ќе може да пополни апликација и да ги прикачи документите (скенирани). По прифаќање на апликацијата, се одредува термин во кој детето ќе треба да дојде на разговор со педагогот или психологот во училиштето.  Родителот/старателот кој поради било каква причина нема можност да ја искористат оваа електронска услуга,  може документацијата за упис да ја достави на денот на уписот.

ПРЕПОРАКИ

Ве молиме, почитувајте ги препораките и мерките за заштита од вирусот КОВИД 19.

За било какви прашања обратете се на е-маил: outosoarsov_stip@yahoо.com

 ДА СЕ БИДЕ УЧЕНИК ВО ООУ „ТОШО АРСОВ“ Е ЧЕСТ, ОБВРСКА И ПРИВИЛЕГИЈА!

Директор

Фросина Маџарова