Конкурс за првенец на генерација

Ги известуваме учениците од деветто одделение дека врз основа на Правилник за избор на првенец на генерацијата ООУ „Тошо Арсов“ -Штип распишува Конкурс за учениците од  деветто одделение за избор  на ПРВЕНЕЦИ НА ГЕНАРАЦИЈАТА.

    Конкурсот за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ќе биде  истакнат на огласната табла од училиштето и на веб страната на училштето.

КОНКУРС ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

Критериум за избор на првенец на генерација

За континуирано одличен успех   50 бода

  • на ниво на училиште

Прво место…………………4 бода

Второ место………………..3 бода

Трето место………………..2 бода

Пофалница………………..1 бод

  • на општинско ниво

Прво место…………………7 бода

Второ место……………….6 бода

Трето место……………….5 бода

Пофалница………………..2 бода

  • на регионално ниво:

Прво место………………..9 бода

Второ масто………………8 бода

Трето место………………7 бода

Пофалница……………….3 бода

  • на државно ниво

Прво место………………..12 бода

Второ место………………10 бода

Трето место……………….9 бода

Пофалница………………..4 бода

  • на меѓународно ниво

Прво место……………….20 бода

Второ место……………..15 бода

Трето место……………..13 бода

Пофалница………………7 бода

      За одговорна улога во активностите на заедница на паралелка, Училишен парламент, Училишен правобранител, организацијата на Црвениот крст и други слободни ученички активности, на ученикот му се доделуваат по 2 бода за активност за секоја подинечно во која учествувал.                    

  Краен рок за доставување на документи е 08.06.2021 година. Врз основа на приложената документација на ученикот и увидот во педагошката документација училишната комисија ќе врши бодирање,  ќе направи ранг листа на кандидатите и истата ќе ја достави до Наставничкиот совет кој ќе изврши избор.

  Документите да се достават до одделенските раководители во печатена форма:

  • Пријава  избор на првенец  на генерација;
  • Дипломи, пофалници (во копија).

Првенецот на генерацијата ќе добие Диплома со наслов:

 Првенец на Генарацијата во ООУ „Тошо Арсов“ за учебната  2020/2021 година.

Комисија за избор на првенец на генерација

                                                                                        1.Јулијана Сулева

                                                                                      2.Весна Игнатова

                                                                                     3.Данче Сенева

31.5.2021 година                                                                                Директор

                                                                                                     Фросина Маџарова