ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЧКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЗАМЕНИЦИ НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРАВОБРАНИТЕЛИ

ООУ Тошо Арсов објавува повик за избор на ученички правобранител и заменици на ученичките правобранители.

Ученикот правобранител е ученик што ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и надвор од училиштето.

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на пријавување за функцијата ученички правобранител и заменик на ученичкиот правобранител имаат учениците од 7, 8 и 9 одделение.

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат пријава на два начина: електронски и во печатена форма. Електронската пријава која е достапна на веб страната на училиштето, пополнета треба да се испрати на маил sluzba.tosoarsov@gmail.com. Пријави во печатена форма можат да се подигнат од педагошко – психолошката служба- психолог  во училиштето. Потребно е кандидатите да ја пополнат и да ја достават пријавата до педагошко – психолошката служба – психолог.

Мотивационо писмо се доставува во слободна форма.

Краен рок за поднесување на документите: 24.09.2021

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Избор за ученички правобранител и негови заменици вршат учениците од 7, 8 и 9 одделение според следните критериуми:

  • пол;
  • возраст;
  • основно познавање на детските права,
  • мотивација за пријавувањето,
  • комуникациски и организациски способности,
  • етничка припадност,
  • претходно искуство, односно вклученост во воннаставните активности.
  1. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ на ученичкиот правобранител и неговите заменици:
  • учество на воведна обука за улогата и обврските на ученичкиот правобранител, организирана од страна на педагошко – психолошката служба;
  • промовирање на правата на детето во училиштето преку едукативни – врснички работилници и информативни настани;
  • прибирање на преставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита за почитување на детските права);
  • редовна комуникација и координација со педагошко – психолошката служба

Мандатот на избраниот ученички правобранител и замениците на правобранителите е 2 (две) учебни години.                                                                                                         Септември, 2021г. Штип