Јавен повик за доделување награди и стипендии

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ број 5/02), член 21 став 1 точка 36 од Статутот на Општина Штип („Службен гласник на Општина Штип“ број 01/03, 18/07, 11/08, 07/09, 16/09, 04/11, 13/14 и 05/21), Одлуката за  наградување на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари Штип („Службен гласник на Општина Штип“ број 04/22), како и врз основа на член 9 од Правилникот за наградување на учениците од општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари (Службен гласник на Општина Штип број 05/22) Општина Штип објавува :

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ЗА

ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ И СТИПЕНДИИ ЗА ОСОБЕНИ ПОСТИГНУВАЊА НА ДРЖАВНИ И МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
  1. Предмет на Јавниот повик е доделување награди и стипендии за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2021/2022 година на ученици од основните и средни општински училишта, предвидени во Правилникот за  наградување на учениците од општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари (Службен гласник на Општина Штип број 05/22).
    1. Јавниот повик се однесува на два вида на награди и тоа:
  2. Стипендија во траење од 12 месеци;
  3. Еднократна парична награда;
    1. Повикот се однесува за постигнувањата на учениците за претходната учебна година (2021/2022 година).
  • ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
  • Право на учество на јавниот повик имаат сите редовни ученици од основното и средното образование, или лица кои завршиле средно образование пред не повеќе од една учебна година и освоиле најмалку прва, втора или трета награда на државно ниво, натпреварувајќи се во претходната учебна година низ организираниот систем на натпревари (општински, регионални и државен) по некој наставен предмет и кои ги исполнуваат следните општи услови:

– Да се жители на Општина Штип;

– Да се редовни ученици во некое од основните или средните училиште во државата (освен за лицата кои претходната учебна година го завршиле    средното образование).

  • КРИТЕРИУМИ ЗА НАГРАДУВАЊЕ

3.1   За доделување годишна стипендија може да се пријават сите жители на Општина Штип кои во претходната учебна година, како ученици од основно или средно образование, биле наградени на државен натпревар по некој од наставните предмети, или на меѓународен натпревар.

3.2   За доделување еднократна парична награда може да се пријават сите жители на Општина Штип кои во претходната учебна година, како ученици од основно или средно образование, биле наградени на меѓународни натпревари од природно – математичките и техничките науки.

–  Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку 10 (десет) различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различни држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји учеснички.

3.3   Доколку ученикот/ученичката е наградуван/а на повеќе од еден натпревар, при доделувањето поени (рангирање) му/ѝ се вреднуваат најдобрите три постигнувања.

3.4   Бодирањето на учениците се прави според дадената табела, за најмногу три натпревари. Со „Р“ е означен рангот на ученикот/ученичката на натпреварот, односно освоеното место во однос на сите учесници (редниот број на листата со конечни резултети).

– За секоја награда на државен натпревар, се доделуваат поени според редицата 1, 2, или 3 (зависно дали освоената награда е прва, втора, или трета, соодветно). Во случаите кога станува збор за освоено прво, второ, или трето место, се доделуваат и дополнителни поени, определени во една од редиците 4, 5, или 6, согласно освоеното место.

– За секоја награда на меѓународен натпревар, се доделуваат поени според редицата 7, 8, или 9 (зависно дали освоената награда е прва, втора, или трета, соодветно). Во случаите кога станува збор една од светските олимпијади за ученици, се доделуваат и дополнителни поени, определени во редиците 10, 11, односно 12, соодветно.

 ПОСТИГНАТ РЕЗУЛТАТПОЕНИ
1.Прва награда на државен натпревар100-Р
2.Втора награда на државен натпревар90-Р
3.Трета награда на државен натпревар80-Р
4.Прво место на државен натпревар30
5.Второ место на државен натпревар20
6.Трето место на државен натпревар10
7.Прва награда / Златен медал на меѓународен натпревар100
8.Втора награда / Сребрен медал на меѓународен натпревар90
9.Трета награда / Бронзен медал на меѓународен натпревар80
10.Прва награда / Златен медал на светска олимпијада100
11.Втора награда / Сребрен медал на светска олимпијада70
12.Трета награда / Бронзен медал на светска олимпијада50
   
  • ВРЕДНОСТ НА НАГРАДИТЕ

4.1  Предвидените средства за наградување на учениците се распределуваат на следниот начин:

– 70% ќе се користат за доделување стипендии;

– 30% за доделување еднократни парични награди.

            4.2   Вредноста на стипендијата во траење од 12 месеци изнесува:

            – 3.000 денари месечно за првите три ученика кои освоиле најмногу поени;

– 2.500 денари за наредните три ученика на бодовната листа;

– 2.000 денари за останатите на кои им е доделена стипендијата;

– 30.000 денари еднократната парична награда.

  • НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

             5.1  По однос на објавениот јавен повик, пријава може да поднесе:

 – ученикот;

 – еден од законските старатели на ученикот;

– наставникот кој го менторирал ученикот за натпреварот, по претходна согласност на родителот/старателот.

5.2  Еден ист ученик има право да поднесе пријава и за двата вида на награда и независно од тоа дали веќе е стипендист или е наградуван од страна на МОН или друга институција или компанија.

  • ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

6.1 Во прилог на пријавата, подносителот е должен да ја достави следната   документација:

-Пријава (образец);

-Доказ за идентитетот на ученикот (извод од Матичната книга на родени,  копија од лична карта или валидна патна исправа);

-Уверение за државјанство на ученикот;

-Потврда од училиштето дека ученикот е редовен ученик во тоа училиште (или копија од диплома за завршено средно образование во предходната учебна година);

-Лична изјава или изјава потпишана од родител/старател на малолетен ученик за согласност за обработка на личните податоци на ученикот (образец);

-Доказ за постигнатиот успех на државен, односно меѓународен натпревар (диплома и отпечатена ранг-листа, со наведен линк до објавените конечни резултати на веб страната на организаторот на натпреварот, за секој натпревар посебно, доколку има повеќе од еден);

-Трансакциска сметка на ученикот или на родителот/старателот (во вториот случај е потребна и копија од лична карта или од патна исправа на родителот/старателот, како и доказ за соодветната релација помеѓу ученикот и тоа лице).

6.2 Пријавата и сите обрасци ќе бидат достапни во електронска форма за симнување од веб страната на општина Штип.

  • РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ
  • Краен рок за поднесување на пријавите е  14 ноември 2022 година.
    • Пријавите можат да бидат доставени електронски на следната меил адреса: info@stip.gov.mk или во писмена форма на  следната адреса: ул.Васил Главинов“ бр.4 б Штип со назнака : За доделување награди и стипендии.
    • Пријавите и изборот на наградени ќе го врши Комисијата за наградување на учениците избрана од Совет на Општина Штип.

  Општина Штип

                                                                                                              Градоначалник

                                                                                                               Иван Јорданов     

                                                                                              __________________________          

Во прилог се потребните изјави и пријави.