
Тошо Арсов е основно училиште во кое наставата се следи на македонски јазик. Училишната зграда е изградена во 1977 година и се наоѓа во населбата 8-ми Ноември во Штип. Вкупната површина на училишната зграда е 3771 m2. Училиштето располага со училишен двор со површина од 12792 m2, спортска сала и две надворешни спортски игралишта со површина од 210 m2. Последната поголема реконструкција на училиштето е извршена во 2020 година кога се заменети училишните прозорци, училишниот кров и фасада, како и е уреден училишниот двор со поплочување со нови бекатон плочки. Загревањето во училиштето е со парно греење кое работи на нафта. Во склоп на училиштето се наоѓаат и подрачните училишта во населба Македонка, село Чардаклија и село Почивало.
Наставата се одвива во две смени (прва и втора смена) во девет одделенија (од 1 до 9 одделение). Изведувањето на наставата од шесто до деветто одделение е кабинетска со соодветен кабинет за секој предмет. Наставата во училиштето ја изведуваат наставници кои се соодветни компетентни според наставниот план и програма. Училиштето нуди топла и пријатна атмосфера за одржување на настава. Со континуирано вложување во наставно нагледни средства и технолошко осовременување се создаваат услови учениците да се стекнат со напредни и технолошки развиени трајни знаења.