Успешно завршена реконструкцијата на кровот и фасадата на ООУ „Тошо Арсов“

Пред крајот на 2020 година, ООУ „Тошо Арсов“ успешно ја завршува реконструкцијата на училишниот кров и училишната фасада. Со новите енергетски ефикасни кров и фасада значајно се подоброуваат условите за настава и се допринесува за подобро здравје на учениците и вработените во училиштетот. Целата инвестиција изнесуваше 650 000 евра.