Подрачното училиште во населба Македонка се наоѓа на улица „Брегалничка“ бб. – Штип. Истото е основано од Општина штип со акт за верификација бр. 10-2934/1 од 10.6.1992 година. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик. Истото е изградено во 1953 и целосно е реновирано во 2014 година. Вкупната површина на училиштето е 485 метри квадратни. Затоплувањето на истото е со парно греење. Наставата се одвива во една смена од прво до деветто одделение.
